Во драматична завршница во Кавадарци во неделата домашните кошаркари на Еуро Никел по едно продолжение му го нанесоа вториот пораз сезонава на КК Гостивар со 92:86.
Кавадарчани водеа во поголемиот дел од средбата, но гостите во финишот направија пресврт и на 13 секунди до крајот преку Пипкинс дојде до дополнителни пет минути, во кои, сепак, немаа сили да му се спротивстават на Еуро Никел.
Соколов со 20 поени, седум асистенции и шест скока беше најпрецизен во победничкиот тим, каде што Младеновиќ заврши со 18 поени, а Џекиќ постигна 16 поени, додека на Гостивар не му помогна ниту извонредниот Пипкинс, кој мечот го заврши со 33 поени, шест скока и пет асистенции.
За Еуро Никел ова беше петта победа сезонава, наспроти и четири порази, а Гостивар остана на третата позиција на табелата со седум победи и сега два порази.