Еуро Никел го победи ТФТ и се приближи до плејофот

Кошаркарите на Еуро Никел се одвоија на третата позиција на табелата, откако со вечерашната победа на домашен терен против ТФТ од 87-73 направија огромен исчекор кон обезбедување сигурен пласман во плејофот.

Бранислав Ѓекиќ беше најефикасен кај Еуро Никел со 22 поени, а Дарко Соколов реализираше 21, додека Хортон со 19 поени беше најпрецизен кај скопјани.

По три кола од Суперлигата, Еуро Никел 2005 има скор 16-9, со два порази помалку во однос на ТФТ и Феникс, кој вечерва го пречекува МЗТ Скопје, кој заедно со Пелистер е забетониран на првите две места во Суперлигата.