Еуро Никел избори „мајсторка“ со Пелистер за пласман во финалето

Еуро Никел се избори за полуфинална „мајсторка“ против Пелистер откако успеа да го одбрани домашниот терен во втроиот натпревар славејќи со 90:89 во неизвесна завршница.

Кавадарчани во последната четвртина имаа предност од 12 поени, но не успеаја да приредат мирен крај на мечот. Гостите на минута до крајот ја вратија резултатската неизвесност, имаа и шанса во последниот напад на средбата да слават место во финалето, но не успеаја да во своите намери.

Калахан беше лидер на Еуро Никел со 17 поени и 9 асистенции, 14 поени и 6 скока додаде Томиќ, додека со дабл-дабл од 13 поени и 14 скока мечот го заврши Џекиќ. Малешевиќ го предводеше Пелистер со 23 поени и 5 украдени топки, додека по 19 поени постигнаа Стајиќ и Кесар.