![eronikel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/eronikel.jpg?resize=696%2C502&ssl=1)
Кавадаречки Еуро Никел е првиот финалист во плеј-офот за шампионскиот трофеј во македонскиот машки кошаркарски шампионат.
Кавадаречкиот тим го потврди брејкот од пред два дена во Скопје и со нова одлична партија, по продолжението го елиминира најтрофејниот кошаркарски колектив скопски Работнички со 88:87 (74:74).
Во салата „26-ти Април“ во Гевгелија избраниците на Самарџиев одново одиграа квалитетно и со тоа си обезбедија финална борба за титулата шампион на Македонија. Најпрецизен на натпреварот беше Питс од Работнички со 31 поен, додека во домашниот табор одлични беа Соколов со 18 и Дубински со 16 поени.