ЕУРО: Трилер и во Букурешт, сензационална елиминација на светскиот првак

Првата голема сензација на Европското фудбалско првенство во понеделникот вечерта ја приреди репрезентацијата на Швајцарија која во возбудливиот натпревар во Букурешт по двете продолженија и подобрата реализација во пенал-рулетот го елиминираше актуелниот светски првак и првиот фаворит на континенталниот турнир, селекцијата на Франција.

Самоуверените Французи беа брзо симнати на земја, откако веќе во 15 минута Сеферовиќ ја донесеш Швајцарија во водсто. Очекуваниот пресврт дојде во режија на Карим Бензема кој по нереализираниот пенал на Швајцарците за само две минути, во 57 и 59-та, ги доведе „Триколорите“ во водство. Предноста на Франција во 75 минута ја удвои Пол Погба, и кога веќе се чинеше дека е познат победбикот во овој осминаинален дуел, Сеферовиќ со својот втор погодок вечерва во 81 минута намали на 2:3, а резервистот Гаврановиќ во 90 минута ги шокираше Францизите водејќи ја пресметката во дополнителни половина част.

Во продолженијата резултатот не се менуваше и покрај неколкуте изгледни можности за победник на двете страни, па се отиде во изведувањето на пеналите. Тука сите изведучи беа прецизни и не им дадоа шанси на голамните, а трагичар на вечерта беше младата ѕвезда на ПСЖ, Килиан Мбапе чиј удар во петтата серија го одбрани швајцарскиот голман Замер.

Ова е најдобриот пласман на Швајцарија на европските првенства, а воедно и прва победа на нејзина репрезентација во нокаут фаза на големите натпреварувања по Втората светска војна. Од Европското првенство во 2004 година, Швајцарија учествуваше на сите четири континентални шампионати и мундијали, на пет од овие осум ја мина групната фаза но сега првпат скавеше во осминафиналето.

Швајцарија во четвртфиналето во петокот од 18 часот ќе игра во Санкт Петербург против Шпанија, коај претходно во понеделникот во Копенхаген, во исто така возбудлив дуел со двата погодока во продолжувањата со 5:3 ја совлада Хрватска.