Еурофарм Пелистер испушти победа против Фредериција во ракометната Лига на шампионите

Пелистер во дебито на Раул Алонсо запиша реми против Фредериција (29-29) во меч од осмото коло во Лигата на шампиони.

Македонскиот тим имаше напад за победа, но не го искористи, на крајот треба да биде задоволен и со освоениот бод. Пелистер и покрај ова останува на 6-то место кое носи во следната фаза.

Најефикасен во редовите на домашната екипа беше Богдан Радивојевиќ со седум гола, додека Филип Кузмановски пет пати ја затресе мрежата.

Во редовите на Фредерција седум постигна Мартинусен, а солиден настап имаше и поранешниот ракометар на битолскиот клуб, Табоада кој постигна пет гола.

На табелата по осум кола Пелистер сега е шести со четири бода, Фредериција има три, Висла 2, но полскиот тим е и со натпревар помалку.

За шпанскиот стратег денешниот натпревар беше и негово деби во Лигата на шампионите на клупата на „пелистерци“.