Битолски Еурофарм Работник излезе како победник од двомечот со Гранитас,откако
славеше и на денешниот реванш од 3-то коло во Челинџ купот .
Македонскиот претставник во ова европско натпреварување победи и на гостувањето во Литванија со 29:23 и со триумфот од 28:24 на мечот во Битола се пласираше помеѓу најдобрите 16 состави во Челинџ купот.
Најефикасни во екипата на Еурофарм Работник беа Ојлески со 7, Граџан со 5 и Пецаковски со 4 голови.
Противникот во осминафиналето на Челинџ Купот ќе биде во ждрепката која е закажан за во вторник во Виена.