Euromax Resources ДОО („Еуромакс“) по опсежни подготовки, анкети и консултации со локалното население, образовните институции и со бизнис заедницата, објавува список на директни работни места во проектот Иловица-Штука, за кои ќе организира конкурси откако ќе ги добие потребните дозволи за експлоатација. Опсегот на работните места е усогласен со потребите објавени во Физибилити студијата за проекотот, а земени се предвид сугестиите од локалните засегнати страни.
Еуромакс има стратешка определба за вработување на локалното население во проектот. Компанијата ќе организира серија Саеми за вработување и други настани од отворен тип за да објасни како потенцијалните вработени можат да аплицираат за работните места откако ќе ја добие потребната дозвола за експлоатација. Процесот на одбирање ќе се одвива со индивидуален пристап со цел на кандидатите да им се помогне да го најдат најдоброто работно место за себе. Еуромакс ќе обезбеди и сеопфатна обука за работните места во рамките на Проектот, директно или преку своите изведувачи.
Стекнатите знаења и вештини ќе ја подобрат структурата на пазарот на трудот, а тоа ќе ги подобри расположливите потенцијали на регионот.
Истовремено со почетокот на работењето на рудникот во Иловица – Штука, ќе се отворат и три пати повеќе дополнителни индиректни работи места за локалните добавувачи, како резултат на определбата на компанијата да соработува со локални компании.
Според планот ќе бидат отворени 488 работни места, меѓу кои: