Еуросупер-95 поскапува за два денара, цените на другите горива остануваат исти

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на цената од 18.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ.

Истовремено, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на нивото со одлуката за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18 март.

Според тоа, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 85,50 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 75,00 ден/лита, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува 43,797 ден/кг, истакнаа од РКЕ.