Евакуација на Капитол во Вашингтон поради закана со бомба

Американската полиција во четвртокот опколи автомобил во близина на Капитол, седиштетот на Конгресот во Вашингтон, во кој се наоаѓа маж кој тврдел дека има бомба, додека вработените се евакуирани од неколку соседни згради.

„Ја истражуваме заканата со бомба“, соопшти полицијата на Капитол Хил околу пладне по локално време, откако претходно објави дека испитува „сомнителен автомобил во близина на конгреската библиотека“.

Полицијата „испраќа преговарачи кои ќе разговараат со мажот во камионетот кој се заканувал“, пренесе теелвизијата CNN повикувајќи се на полициски извор.

Силите на редот засега не ја потврдуваат оваа информација. Граѓаните се повикани да се држат подалеку од библиотеката која е спроти Конгресот. Вработените во Конгресот потврдиле дека се известени оти мажот во возилот рекол дека има бомба.

Федералното биро за истраги (FBI) соопшти дека во соработка со полицијата интервенира по информацијата за „сомнителен автомобил и закана со бомба“. Според претставникот на полицијата на Капитол, полицискиот офицер во рацете на возачот видел нешто „што може да наликува на детонатор“.

Американсклиот Конгрес оваа седмица не заседаваше поради летната пауза, но вработените и асистентите во паралментот доаѓаат во зградите околу Конгресот.

Зградите на библиотеката и на Конгресот се евакуирани, а сите кои се нашле во другите објекти добиле упатство да стојат подалеки од прозорците и вратите, известуваат новинарите од местото на настанот.

Зградата на Републиканската партија, којашто е неколку стотина метри подалеку, исто така, е евакуирана, објави репортерот на The Washington Post повикувајќи се на неименуван извор.

Подраќјето околу Капитол е под строги безбедносни мерки по безредијата од 6-ти јануари, кога во Конгресот упаднаа маса приврзаници на претходниот американски претседател Доналд Трамп.

Подоцна на 2-ви април еден полицаец загина е друг беше тешко повредени кога момче во автомобил се залета во оградата на влезот, по што беше застрелано од полицијата.