Осумдесетина лица коишто отседнале во италијански планински хотел се евакуирани со воени хеикоптер поради страв од лавина, објавено е во вторникот.
Хотелот кој е во опасноса и од којшто се евакуирани туристите, се наоѓа во Мелаго, скијачки центар во регионот Јужен Тирол.
Од хотелскиот комплекс „Langtauferer Hof’“ издадоа соопштени во коешто се наведува дека ситуацијта засега е мирна, но не можат да дадат дополнителни поединости бидеко пораат да ги држат отворени телефонските слободни, пренесува агенцијата DPA.
Локалниот весник Alto Adige пишува дека во текот на изминатата ноќ поради лавина дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија во Мелаго, а од локалната противпожарна служба наведуваат дека моменталната опасност од лавина е најсериозната во последните десет години.