(ВИДЕО) Евакуација поради закана со бомба на аеродромот во Амстердам

Терминалот за заминувања од амстердамскиот аеродром Сипхол беше накусо евакуиран во понеделникот поради закана со бомба, соопшти холандската полиција.

Мажот кој тврдел дека има бомба бил совладан од полицајците, пренесува холандската новинска агенција ANP, а потврди полицијата на својот официјален профил на Twitter.

„Ситуацијата на Схипхол е под контрола. Осомничениот е приведен од безбедносните сили“, се истакнува во објавата и се додава дека нема повредени во инцидентот.

Претходно беше објавено дека полицијата делумно го евакуирала аеродромот, откако неидентификуван маж се заканил дека ќе активира бомба во зградата на аеродромот кој е еден од најфреквентните во Европа.