![122066368 хамбург](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/122066368-15.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, по брзата реакција на противпожарните екипи и службите за безбедност на аеродромот сите патници и вработени на терминалите биле евакуирани на паркинг просторот пред аеродромската зграда.
Според медиумите меѓу педесетината патници кои што се пожалиле на проблеми со дишењето нема сериозно нарушување на здравјето, а засега не се знае ниту причината за силниот мирис, што предизвикал паника на аеродромот во Хамбург.