Евакурианн е екипажот на брод во грчка сопственост, оштетен во напад на јеменските милитанти Хутисти, а напуштениот брод плута во Црвеното Море, а потрагата по исчезнатиот морнар продолжува, објавија филипински министер и од Поморските трговски операции на Обединетото Кралство.
Постои план да се започне со спасувачки операции за бродот „Tutor“, кој носел јаглен под знамето на Либерија, изјави во саботата филипинскиот министер за мигранти Ханс Лео Какдак, додавајќи дека 22 членови на екипажот се Филипинци, од кои 21 се спасени, додека по еден сѐ уште се трага и се верува дека сѐ уште се наоѓа на бродот.
Се верува дека исчезнатиот член на екипажот е заробен во моторната просторија, соопштија поморски извори и филипинското Министерство за работници мигранти. Бродот „Tutor“ не тоне и може безбедно да се одвлече, вели Какдак, додавајќи дека филипинските морнари имаат право да одбијат да се качат на бродови што минуваат низ Црвеното Море и Аденскиот Залив. Управителот на бродот, компанијата „Evalend Shipping“, со седиште во Атина, не одговори на барањето на Reuters за коментар.
Нападот во близина на јеменското пристаниште Ходеида во средата предизвика сериозни поплави и оштетување на моторната просторија и го остави бродот „Tutor“, онеспособен да маневрира.
Тоа беше трет напад на Хутите врз брод со екипаж од филипински морнари од минатата година, при што двајца филипински морнари загина, а 17 сè уште се држат во рацете на милитантите, покажаа владините податоци.
Јенемснките шиитски Хутисти, кои се поддржани од Иран, ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз „Tutor“ и уште еден брод „Verbena“ во Аденскиот залив последните денови. Нивните напади, исто така, оштетија два други брода во изминатата седмица, „означувајќи значително зголемување на ефективноста“, соопшти британската безбедносна фирма „Ambrey“.
Од ноември, Хутите користат беспилотни летала и проектили за да ги напаѓаат бродовите поврзани со Израел и земјите кои го поддржуваат во Црвеното Море, теснецот Баб ал-Мандаб и Аденскиот залив, велејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во војната во Појасот Газа. Досега во нивните напади потонаа еден брод, запленија друг брод а загинаа тројца морнари во одделни напади.
„Оваа ситуација не може да продолжи“, рече генералниот секретар на Меѓународната поморска организација Арсенио Домингез во писмена изјава.