Евакуиран исландскиот град Гриндавик поради страв од вулканска ерупција

Исландските власти извршија евакуација на 3.000 жители на градот Гриндавик во југозападниот дел од земјата поради стравувањата од вулканска ерупицја по серијата земјотреси и докази за ширање на магмата под земјата.

Исландската метеоролошка агенција во саботата објави дека постои „значителен“ ризик од ерупција на полуостровот Реијкјанекс имајќи предив дека големината на подземните интрузии на магмата и брзината со којашто се движи се неколкупати поголеми од претходно измерените во таа област.

Агенцијата за цивилна заштита на Исланд во текот на ноќта наредила целосна евакуација на рибарското место Гриндавик, истовремено истакнувајќи дека не станува збор за итна евакуација.

Во областа на Реијканес последните години во ненаселените области се случија повеќе ерупција, а се верува дека моменталнта ситуација претставува непосредна опасност за градот, соопштија властите кои во четвртокот поради засилената сеизмичка активност го затворија геотермалното лекувалиште Блу Лагун, една од главните туристичките атракции во земјата.

Реијканес е вулканско и сеизмичко жариште кое се наоѓа југозападно од главниот град Реијкјавик. Во март 2021 година реки од лава избија од пукнатината во почвата долга меѓу 500 и 750 метри во регионалниот вулкански систем Фаградалсфајдал.

Вулканската активност во оваа област продолжи и по шест месеци, поради што илјадници Исланѓани и туристи го посетуваа местото. Во август 2022 година во истата област се случуваше тринеделна ерупција, а потоа во јули годинава следеше уште една.

Пред неодамнешните ерупции во системот Фаградалсфајдал, широк шест километри и долг 19 километри, беше неактивен повеќе од 6.000 години.