Зградата на судот во Нови Сад е евакуирана утрово нешто пред 9 часот поради дојава за бомба, јавува „Танјуг“.
Портпаролката на Вишиот суд во Нови Сад, Ивана Карапанџиќ за „Танјуг“ вели дека се чека да заврши проверката на зградата и дека сеуште не се знае што ќе биде со судските рочишта што се закажани за денес, односно дали ќе бидат одржани или ќе бидат презакажани.
Вработените се наоѓаат пред и околу зградата, а специјалните екипи на полицијата ја пребаруваат зградата.