Евакуиран судот во Загреб поради дојава за бомба

Поради дојава за бомба евакуиран е Жупанискиот суд во Загреб и во тек е проверка на објектот.

Хрватските медиуми напоменуваат дека годинава немало никакви закани, но и дека кога ги имало воглавно на крај се испоставува дека се работи за лажна узбуна.

Полицијата, како што пишуваат медиумите, сепак ги сфаќа сериозно и по нив настапува професионално.