Евакуирани околу 14.000 луѓе во полскиот град Лублин откако е откриена огромна неексплодирана бомба

Околу 14.000 луѓе се евакуирани денеска во источниот полски град Лублин, откако градежен работник откри огромна неексплодирана бомба.

Станува збор за бомба тешка 250 килограми, закопана во земја. Евакуацијата беше извршена со помош на полицијата, припадниците на Територијалната одбрана и градскиот транспорт, а тоа беше акција која мораше да се изврши пред воените инженери да ја отстранат бомбата и да ја однесат на неутрализација.

Жителите беа пренесени на безбедно во училиштата и другите големи објекти, а сите патишта беа затворени. На сите им било наредено да ги исклучат гасот, водата и струјата во своите домови, да ги затворат прозорците и вратите, а да ги донесат само личните карти и потребните лекови. Пред Втората светска војна, во таа област се наоѓала полска фабрика за авиони и аеродром, кои можеле да бидат цел на напад.