Еванилсон е најскапото засилување во историјата на Борнмаут

Англискиот премиерлигаш Бурнемут ќе постави свој реокорден трансфер, откако се согласи да го купи бразилскиот интернационалец Еванилсон, за кого на португалски Порто ќе му плати дури 47 милиони евра.

Дваесет ичетиригодишниот Еванилсон, кој минатата сезона за Порто постигна 25 гола на 42 натпревари, годинава дебитираше за бразилската репрезентација. Покрај отштетата, Порто ќе добие уште десет проценти од следната продажба.

Борнмаут, кој досега потроши најмногу пари за ангажирањето на Џеферсон Лерма – 29 милиони евра, новата сезона ќе ја започне в сабота со гостувањето кај Нотингем Форест во првото коло од англиското елитно натпреварување.