Времето денеска ќе биде посвежо, во претпладневните часови со услови за локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. Повремено ќе дува умерен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната 35 степени. Во Скопје слично време со температура од 16 до 32 степена.
Во наредните денови, особено во среда и петок, ќе биде променливо со повремен локален дожд претежно на планините.
За околу четири до седум степени ќе се намалат температурите до средината на оваа недела.
Посвежо ќе биде до викендот, кога се очекува да опаднат и утринските и дневните температури.