За првомајските празници и Велигден не очекува дождливо и облачно време. Оваа година на 1 мај се паѓа и најголемиот христијански празник Велигден, па граѓаните (барем најголем дел од нив) ќе имаат еден долг продолжен викенд кој ќе почне во петок а ќе заврши во понеделник.
Во текот на сите овие денови, метеоролозите не препорачуваат да заминете на пикник на отворено бидејќи се најавува облачно време со услови за врнежи од дожд. Така ќе биде и во петок и во сабота, но ви на Велигден во недела.