
Околу 90 вработени во Специјалното јавно обвинителство кои поради притворот на нивната Катица Јанева неколку месеции останаа без плата, во април ќе ги добијат неисплатените плати. Станува збор за обвинители, истражители и друг персонал вработен во СЈО.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше ваквата одлука на Владата, која се носи во услови на вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот.
„Наместо да поработат на тоа да им се помогне на граѓаните, СДСМ без никаков срам носат уредба да се исплатат средства на поранешните вработени во СЈО, кое беше добро познато дека работи во корист на СДСМ, така што за целиот рекет кој го спроведуваше Катица Јанева на крај да заврши кај Зоран Заев“, се наведува во партиското соопштение.
Голем револт во јавноста се создаде откако беа обелоденети високите суми на месечните примања на јавните обвинители, заедно со екстра бонуси што тие ги добивале.
За цело време додека функционираше СЈО, спорен момент беше и структурата на вработените и непотизмот кој беше примарен во оваа институија.
За потсетување, еве дел од листа на имиња на вработени, кои го аргументираат и го потврдуваат тоа.
-Вработена во СЈО е девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева.
-Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков.
-Ќерката на членот на Советот на јавни обвинители Коле Штериов, Теа Штериова.
-Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, Марија Василевска.
-Ефтимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски.
-Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.
-Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, блзиок соработник на Зоран Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш.
-Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска беше обвинител во СЈО.
-Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска.
-Петре Бошков вработен во СЈО како зет за прва братучетка на министерката Рената Десковска.
-Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.
-Синот на обвинителката Мира Ангелеска од Кичево, Стојан Ангелески.
-Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити.
– Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов.
-Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино.
-ќерката на Борис Тунџев директор на Катастар, Катерина Тунџева.
-Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.
-Членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор.
-Катица Јанева во СЈО си го вработила и возачот од Основниот cyд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев
-Душко Димитреиески како возач во СЈО, сопруг на обвинителката Душица Димитриевска од ОЈО Гостивар чии зет за ќерка е Трајче Нешкоски, поранешен генерален секретар на СДММ.