Во вчерашните протести кои се одвиваа во Скопје приведени се дванаесет лица. Станува збор за 12 лица кои се товарат дека го сториле кривичното дело по член 385 „Учество во толпа што ќе стори кривично дело“.
Бранимир Ј. (34)
Сашо Р. (48)
Маријан Л. (38)
Исмет И. (46)
Сибел А. (23)
Дамјан Ј. (36)
Кристијан К. (22)
Вангел М. (30)
Жарко З. (41)
Филип Н. (30)
Горјан А. (23)
Крсте Г. (35)
За настанот и приведените лица е известен Јавниот Обвинител. Извршено е фотографирање на приведените лица по што ќе се изврши споредба со сликите извадени од снимениот материјал од крим техниката, пренесува Пресс 24.
Ќе се обезбеди видео материјал од Министерството за правда, safe city, и од медиумските куќи со цел да се утврди идентификување на сторителите на кривичното дело по член 385 „Учество во толпа што ќе стори кривично дело“.
За оштетувањето на Министерството за правда и Канцеларијата на Претседателот е извршен увид од увидна екипа.