По тринаесетти пат од 16 до 19 јули Прилеп ќе биде местото каде покрај богатата понуда на пиво и скара, посетителите ќе уживаат во изведбите на естрадните забавувачи од разни жанрови се со цел да се задоволат сите генерациски вкусови. Водители ќе бидат Маријана Стојановска и Жарко Димитриоски.
Во четврток посетителите ќе ги забавуваат Слаткаристика, Љубојна, Саша Коваќевиќ , DJ Славе, Мето, Мартин и Синиша. Во петокот свој настап ќе имаат Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште.
Во саботата настапува македонскиот фолк изведувач Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ, додека пак во неделата свои настапи ќе имаат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.
И оваа година нема да изостанат придружни манифестации со кои ќе се анимираат посетителите во градот под Марковите Кули, а за авантуристите предвидено е и бесплатно кампување на Могилата.