Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски, вчера потврди дека четворица инструктори на попишувачите биле заразени со вирусот КОВИД-19.
Инаку, целиот процес на попис се става во ризик ако се знае дека обучуваните попишувачи многу скоро ќе излезат на терен за да попишуваат. Ова значи дека тие ќе ги стават и граѓаните во ризик и самиот вирус може да се шири преку попишувачите.