По информацијата дека власта утрово имала обид да сокрие случај на поткупување на гласачи, кој полициските службеници го констатирале на територија на општина Струмица, објавуваме фотографии на кои јасно се гледа акцијата за поткуп, која се одвивала додека траел полицискиот час.
Неофицијално, за овој настан утрово се приведени неколку лица кои се блиски до СДСМ, а владини функционери вршеле притисок случајот да биде сокриен и да не биде евидентиран во полицискиот билтен.