Таканаречениот „Викенд без ДДВ“ ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, а граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30.000 денари, како и компјутери и ИТ опрема.
Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција презентирајќи ја оваа како 31. мерка од четвртиот пакет што го усвои Владата на седница.
– Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, а јас се надевам и до 500000. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври,е може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ орпема до најмногу 30.000 денари по пединец и во рок од само некоку дена назад ќе го добијат назад целиот ДДВ 100 проценти – изјави Заев.
Со оваа мерка, како што истакна, се проектира да се направи вкупен промет од над 170 милиони евра, а проекциите стигаат и до 250 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, а со проекција и до 25 милиони евра од поврат на ДДВ.