Еве со кого Катица Јанева ја дели ќелијата во Шутка

Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, на која вчера и’ беше одреден притвор од 30 дена, денеска се наоѓа во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, но не е сместена во реновираното „хашко одделение“, дознава „24 инфо“ повикувајќи се на извори од затворот.

Според објавената информација, во „хашкото одделение“ не се сместувале според позицијата туку таму важи правилото прв дојден прв услужен. Таму веќе е сместен првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13. Но, за разлика од него второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец, на кој исто како и на Боки 13 му беше продолжен притворот за ниви 30 дена за случајот „Рекет“, не е сместен во ,,хашкото одделение’’.

Според информациите пак со кои располага „Слободен печат“, во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, Катица Јанева ја дели ќелијата со уште една жена.

Јанева која е во притвор од синоќа е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и засега е откриено дека за незаконските дејствија околу помагањето на осомничениот Орце Камчев во истрагата за ,,Империја’’, наплатила од него скап мебел во вредност од околу 5.000 евра.
Поради нејзината специфична улога во општеството, запазен е безбедносниот аспект и е сместена во ќелија со уште една жена, велат за „Слободен печат“ од скопскиот истражен затвор.

Од затворот додаваат дека општата здравствената состојба на Јанева е добра и дека редовно ја прима препишаната терапија од лекар.