
Џенифер Лопез никогаш не изгледала подобро, а се чини дека за тоа покрај редовното вежбање заслужен е и напитокот кој го пие секој ден.
Пејачката во слободното време се занимава со хуманитарни акции, а еден од нејзините проекти е и Центарот за здраво детство. Во рамки на оваа програма, која промовира здрава исхрана како за деца, така и за возрасни атрактивната пејачка со фановите сподели дел од нејзините дневни рутини.
Станува збор за најважниот оброк во текот на денот – појадокот.
-Знаев дека храната која ја јадам не дава енергија, а тоа го почувствував и на моето тело. Тоа го јадеа и моите деца, па се запрашав дали е добро за нив. И така станав подготвена да пробам нешто ново, изјавила Џенифер, која открила дека без овој напиток не го започнува денот.
Станува збр за неверојатно здра напиток, преполн со влакна, Омега 3 киселини и протеини, па можете да го пиете и помеѓу оброци, појаснила таа.
Состојки:
1 рака свеж спанаќ
1 замрзната банана
1 шолја оризова вода
2 лажици путер од бадем
1 лажица протеински прашок
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер. Миксирајте се додека состојките не се соединат. Напитокот пијте го наутро или помеѓу оброци.