![mvr Уапсени 9 лица кои регрутирале борци за боиштата во Ирак и Сирија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/mvr1.jpg?resize=670%2C377&ssl=1)
Во изминатиот период по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 38 решенија против 38 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од колективниот договор на МВР.
Притоа, на 17 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на 11 вработени мерка – „запирање на постапката“, на девет вработени изречена им е мерка „писмено предупредување“ и на еден вработен изречена му е мерка „распоредување“.
Еве за што се работи:
Полицаец во ПС ОН Драчево, СВР Скопје, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
На тројца полицајци во Делчево, изречена им е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци , го напуштиле работното место и не се јавувале на радио врска.
На дежурен во Кочани, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец , затоа што не го запознал сменоводителот дека групата за интервенција се повлекла во станица.
На полициски службеник за прифат-сменоводител во ПС ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ , затоа што не предупредил полицаец да продолжи со Наредба за вршење на служба.
На осуммина вработени во МВР, изречена им е мерка „запирање на постапка“ поради неутврдена одговорност.
На виш инспектор за прифат- сменоводител во ПСОН-Кисела Вода, СВР-Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци затоа што му избегало приведено лице од ПС.
Водич на безбедносен реон во ПС ОН Штип, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ затоа што службен материјал за настан го изготвил на несоодветен образец и настанот не го завел во Книгата за дневни настани.
Помошник командир во ПС за ГП и ГН Џепиште, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за четири месеци, затоа што не изготвил службен материјал за примена на полициски овластувања.
Инспектор за прифат-сменоводител„ во ПС ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец затоа што не презел потребни мерки и активности за расчистување на два пријавени случаи.
Двајца полицајци во полициската станица за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена им е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци дозволиле излез од РМ на возило, управувано од хрватски државјанин, а кое возило од страна на Рента кар агенција било пријавено за украдено и бил приложен договор за изнајмување на возилото на име на друг хрватски државјанин.
На двајца полицајци во Куманово, изречена им е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци затоа што не изготвиле Записник за констатиран прекршок по член 13 од ЗППЈРМ и платен налог на лице кое ги навредило.
Началник на Одделение за полиција Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за четири месеци затоа што одбил да изврши наредба од претпоставен старешина, недолично се однесувал спрема Комисијата за утврдување на дисциплинска постапка и не определил приоритет во работењето со оперативна информација.
Против други вработени во МВР преземени се дициплински мерки затоа што несовесно ги извршувале работните обврски, не го почитувале работниот ред и дисциплина и предизвикувал неред и насилнички се однесувал за време на работа, не се јавиле на работа и не го оправдале своето отсуство, не носеле униформа на работно место, вршеле дополнителна стопанска дејност спротивно на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција…
На главен инспектор за ЈРМ Одделение за полиција, СВР Струмица, изречена му е мерка „распоредување“ затоа што го злоупотребил боледувањето.