Истражувања за среќата, спроведени пред неколку години, покажале дека во Данска, Норвешка и Шведска живеат најсреќни луѓе. Скандинавците имаат правила кон ки стриктно се придржуваат и токму поради тие правила тие се среќни секо ден.
Ове луѓе се придржуваат кон овие четири правила:
1. Скроми се и ги почитуваат другите луѓе
Во нордиските земји познат е законт на градот Јанте, според кој никој не смее да се истакнува:
– Немој да мислиш дека си нешто посебно
– Немој да мислиш дека си најдобар на светот
– Немој да мислиш дека си најпаметен
– Не се убедувај себе си дека си подобар од другите
– Немој да мислиш дека знаеш повеќе од другите
– Не мисли дека си поважен од другите луѓе
– Немој да им се смееш на другите
– Не мисли дека на другите им е грижа за тебе
– Не мисли дека може другите да ги научиш на нешто
Иако многу Скандинавци се шегуваат кога зборуваат за овој закон, токму тој е задолжен за пријателското и разумно општество. Скромноста и почитувањето на другите високо се ценат. Овој закон спречува општеството да биде арогантно и заповедувачко.
2. Го ускладуваат деловниот и семејниот живот
Скандинавците знаат колку е важно семејството. Многу канцеларии во Данска се затвораат во 15 часот. Никој од нив не работи прекувремено. Во Шведска, некои компании имаат донесено закон според кој се работи шест часа на ден, со цел за поголема продуктивност и среќа на работниците.
Семејствата често одат во парк, се занимаваат со спорт, патувааат со своите деца и така одржуваат здрав однос дури и кога децата ќе пораснат и ќе се осамостојат.
3. Семејството се сака со цело срце
Во Данска постои еден прекрасен израз, што значи собирање со семејсвото и пријателите во семејна атмосфера- „hygge“..
Седењето покрај оган во ладните ноќи со своите најмили е нешто што сите често го практикуваат. „Hygge“ значи поддршка, солидарност, удобност во кругот на најдрагите луѓе.
4. Реални очекувања
Една од најголемите тајни на среќниот живот се реалните очекувања. Тоа не значи дека Скандинавците не мечтеат за постигнување високи цели и дека не тежнеат кон нив. Семејството и пријателите им се основа за успех и поддршка.
Скандинавците се трудат да не се споредуваат со други луѓе бидејќи тоа им предизвикува незадоволство. Нивниот совет е :
Престани да се споредуваш со другите и уживај во своите достигнувања, уживај во тоа што имаш!