Евертон, Норич Сити и Нотингем Форест одат натаму во ФА Купот

Фудбалерите на Евертон се пласираа во осминафиналето на англискиот ФА Куп, откако во повторениот натпреваро од 3-то коло го совладаа Кристал Палас со 1:0. Нивната прва средба на „Селхурст Парк“ заврши без голови, додека реваншот на „Гудисон Парк“ го реши голот на Андре Гомеш во 42. минута. Евертон сега го очекува двомеч против Лутон Таун.

Понатаму оди и Норич Сити кој на гости го совлада Бристол Роверс со 3:1 откако првиот меч во Норич заврши 1:1. Бристол поведе во 20. минута со голот на Лук Мекормик, но гостите одговорија со три гола во низа. Стрелци беа Габриел Сара (53), Адам Ајда (59-11м) и Кени Меклин (87). Норич Сити во следното коло гостува кај Ливерпул на „Енфилд“.

Блекпул и Нотингем Форест двата натпревари ги одиграа без победник 2:2, па прашањето за патникот во осминафиналето беше решено во продолженијата. Победничкиот погодок за Форест го постигна Крис Вуд во 110. минута. Претходно за Нотингем погодија Ендрју Омобамидел (16) и Данило (46), додека за домашната екипа стрелци беа Алби Морган (61) и Кајл Џозеф (78).

Интересно, Блекпул поведе со 2:0 во првиот меч на гостински терен, за Форест да израмни избпрувајќи се за уште еден дуел. Во повторениот меч на „Блумфилд Роуд“, Нотингем поведе со 2:0, а Блекпул израмни, носејќи го мечот во продолженија. Следен противник на Нотингем Форест е Бристол Сити.