Фудбалерите на Евертон во 27-то коло од англиското првенство на својот „Гудисон Парк“ со 3:1 (0:0) го совладаа Кристал Палас и се зацврстија во горната половина од табелата, на деветтото место.
Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме, а Евертон поведе со 3:0 преку Сигурдсон во 46, Ниејсе во 51 и Дејвис во 75 минута, додека почесниот гол за Кристал Палас го постигна Миливојевиќ од пенал во 83 минута.
Евертон сега има 34 бодови, еден помалку од осмиот Лестер Сити и два помалку од седмиот Барнли, додека Кристал Палас е на 14-то место со 27 бодови.
Важна победа во борбата за опстанок оствари Вест Хем Јунајтед кој со 2:0, со головите на Ернандез во 38 и Арнаутовиќ во 78 минута го надигра Ватфорд. Вест Хем е сега 12-ти со 30 со што се изедначи со Ватфорд кој е место погоре.
Надежи дека и следната година повторно ќе игра во Премиершип има и Свонси Сити кој со голот Ки Сунг-јуенг во 81 минута беше подобар од Барнли. Свонси по последните неколку кола побегна од зоната на испаѓање и сега е на 15-то место со 27 бодов, додека Барнли е безбеден на високата седма позиција со 36 бодови.
Стоук Сити ги подели бодовите со дебитантот Брајтон едн Хоув Албион, а јунак на гостите беше голманот Ријан кој му одбрани пенал на Чарли Адам во 90 минута. Гостите поведоа преки Извиердо во 32, а израмни Шаќири во 68 минута. Стоук Сити остана на 18-место со 25 бодови, додека Брајтон има три бода повеќе и на 13-то место.
Во првиот меч од саботната програма во дербито на северен Лондон, Тотенхем со голот на Хари Кејн во 49 минута на „Вембли“ пред 83.222 гледачи го совлада Арсенал кој практично не создаде ниедна сериозна шанса на целиот меч.
Вечерва уште играат Манчестер Сити и Лестер Сити.