Евертон се надева на опстанок по победата над Челзи, Арсенал ги задржа шансите за ЛШ

Фудбалерите на Арсенал се вратија на четвртото место на табелата на англиското провенство, последното коешто води во Лигата на шампионите следната сезона, благодарејќи на гостинската победа од 2:1 кај Вест Хем Јунајтед во последниот неделен дуел од 35-то коло.

Арсенал до победата стаса благодарејќи на двата погодока од прекин на играта, кои ги постигнаа Роб Холдинг во 38 минута и Габриел во 54 минута. Во меѓувреме во 45 минута за Вест Хем израмни Џерод Боувен.

Арсенал со новите три бода повторно го прескокна на табелата градскиот ривал Тотенхем во борбата за последното место кое води во Лигата на шампионите. Арсенал е четвртопласиран со 64 бодови, два повеќе од Тотенхем. Вест Хем со 52 бодови остана на седмото место, кое води во Европската конференциска лига со три бода повеќе од осмиот Вулверхемптон кој има и меч помалку.

Во средбата од 35-то коло на англиското фудбалско првенство Евертон во неделата на својот „Гудисон Парк“ го совлада Челзи со 1:0, освојуваќи три бода во борбата за опстанок во елитата.

Стелец на единствениот погодок на натпреварот беше Ричарлисон на самиот почетокот од второто полувреме, во 46 минута, откао му ја украде топката на непретпазливиот гостински голман Азпуликута.

И покрај победата Евертон и натаму се наоѓа во зоната на испаѓање од Премиер лигата, на 18-то место е со 32 бодови, но сега заостанува зад 16-от Барнли и 17-от Лидс Јунајтед со два бода, а покрај тоа има и меч помалку. Челзи остана трет со 66 бодови и со речиси обезбеден пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Тотенхем благодарејќи на својот ударен тандем Хари Кејн и Сон Хеунг-мин барем на два часа беше на позиција која води во Лигата на шампионите, откако на својот терен со 3:1 го совлада Лестер Сити.

Домашните во првиот дел во водство ги донесе Кејн во 22 минута по асистенцијата на Сон, а корејскиот напаѓач во продолжението со два погодока, и двата по асистенција на шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски, во 60 и 79 минута го доведе Тотенхем во водство со 3:0, а Лестер намали во првата минута од судиското продолжение на мечот преку Келечи Ихеначо.

Тотенхем дојде до 61 бод, Лестер Сити е 11-ти со 42 бодови.