Кој е Евклидис Цакалотос, новиот грчки министер за финансии?

Кој е Евклидис Цакалотос, новиот грчки министер за финансии

Новиот министер за финансии, 55-годишниот Евклидис Цакалотос, на грчката јавност и е познат како главен портпарол за економија на грчката влада, главниот преговарач на Грција со кредиторите, заменик-министер за надворешни работи за меѓународни економски односи…

Тој е роден во Ротердам, во 1960 година. Матурирал во училиштето Сент Пол во Лондон, а потоа студирал политички науки, филозофија и економија на Универзитетот во Оксфорд. Магистрирал на Универзитетот во Сасекс, а докторирал во 1989 на Универзитетот во Оксфорд.

Цакалотос, својата кариера ја започнал како истражувач на Универзитетот во Кент, а потоа и како предавач. Бил професор на атинскиот Универзитет за економија и бизнис, каде што работел до 2010 година, а потоа професор по економија на Националниот и Каподистриски универзитет во Атина.

efklidis1

На изборите во 2012 година е избран за пратеник во грчкиот парламент од левичарската партија СИРИЗА.

 

Грција должи 323 милијарди евра, од кои 60 отсто на членките на Еврозоната. Според табелата на грчките кредитори, која ја изработи Би-би-си, еврозоната преку Европскиот фонд за финансиска стабилност на Грција ѝ позајмила 141,8 милијарди евра и дополнителни 52,9 милијарди преку специјален заем за Грција.

tsakalotos_7