Денешното невреме во Скопје остави без струја 33 000 жители во населбите Аеродром и Гази Баба, ЕВН и МЕПСО работат на расчистување на последиците. Во овие две населби дел од семафорите не реаботеа
Инаку, невремето предизвика сериозна штета во дистрибутивната мрежа, при што има соборени далекуводи, бандери, дрва.
Во одредени делови на Скопје дел од улиците беа поплавени, а поради паднати гранки од дрвја, на повеќе места имаше застој во сообраќајот.
Од Електродистрибуција истакнаа дека засилени екипи се на терен.
„Во моментов два 110 кв далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром” и „Исток” се без напон“, соопштија од Електродистрибуција.
Сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето попладнево во Скопје, а засилени екипи на Електродистрибуција се на терен за да го нормализираат снабдувањето со електрична енргија.
По невремето, корисниците добија струја, но по кратко време снабдувањето со електрична енергија прекина што се должи на штетата во дистрибутивната мрежа.