ЕВН Македонија и Електродистрибуција се приклучија кон акцијата за зелена иднина „Сончева гора 2024“

Тимови од ЕВН Македонија и Електродистрибуција заедно со голем број волонтери од други компании, здруженија и институции, го дадоа својот придонес за позелена иднина во рамки на проектот „Сончева Гора“ во организација на Man and Mountain LLC.

Со заеднички сили на повеќе од 150 волонтери беа засадени последните 3.500 борчиња и аризонски чемпрес од вкупно 125.000 дрвца засадени на опожарените подрачја.
Акцијата се реализираше во близина на опсерваторијата Кокино, општина Старо Нагоричане.

Свој личен придонес во пошумувањето дадоа и првиот човек на ЕВН Македонија, г-динот Волфганг Маиер и амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, г-дин Мартин Памер.
„Оваа иницијатива совршено се усогласува со нашата цел да овозможиме подобар и поодржлив свет. Сакам да изразам благодарност до вработените во ЕВН чии што ентузијазам и посветеност кон оваа кауза се навистина инспиративни“, изјави Маиер.