
И во населбата Илинден, трафостаниците кои беа под вода се веќе исчистени и ставени под напон.
Следната фаза која ЕВН Македонија ја почнува во овој регион е чистење на мерните ормари од кал и нивно сушење од влага, како и замена на оштетените броила, столбови и друга енергетска опрема.
Ќе се заменат сите оштетени енергетски објекти и ќе се реконструира во целост дистрибутивната мрежа на трошок на компанијата.
Екипите на ЕВН Македонија и натаму ќе останат да работат на терен во координација со локалната самоуправа, владиниот и градскиот кризен штаб.
Од ЕВН апелираат корисниците во регионот каде се санира мрежата ништо да не преземаат на своја рака и за се што е потребно околу инсталациите и енергетската опрема да се во координација со екипите на ЕВН.