ЕВН Македонија по трет пат ја поддржа планетарната акција „Час на планетата Земја“

ЕВН Македонија традиционално по трет пат го одбележа Часот на планетата Земја. Покрај симболично исклучување на светлечките реклами на своите објекти, ЕВН оваа година организираше специјален едукативен настан за поттикнување на разумното користење на електричната енергија и заштита на природните ресурси.

evn-cas-9 evn-cas-10

Под изгаснати светилки, во камерната атмосфера на Даут Пашиниот амам, перформансот на театарската трупа „Сенки и облаци“ испрати силна порака за Часот на планетата Земја. Гостите кои ја проследија претставата која беше наменски креирана за оваа прилика, имаа можност да се запознаат со најгорливите прашања за заштита на планетата.

evn-cas-3

Првиот дел од претставата го илустрираше начинот на кој луѓето влијаат на загадувањето на Земјата, а вториот дел беше посветен на зачувувањето на морињата. Во третиот дел, театарот на сенки претстави низа совети како да ја зачуваме планетата и како да ја зголемиме енергетската ефикасност.

evn-cas-7

Посетителите како подарок добија мал сет за изведување театар на сенки и во интерактивниот дел по завршувањето на претставата, заинтересираните посетители имаа можност да научат како и самите со малку фантазија во своите домови да изведат театар на сенки.

evn-cas-5

По ноќните читања со ЕВН за Часот на планетата Земја, ова е уште еден придонес на компанијата кон оваа планетарна акција чија цел е да се подигне свеста на луѓето за разумното користење на електричната енергија и климатските промени како последица.

evn-cas-6 evn-cas-4