ЕВН Македонија наградена од Црвен Крст со највисокото признание –  „Платинест поддржувач“

ЕВН Македонија го доби највисокото признание „Платинест подржувач“ од Црвениот Крст за континуираната долгорочна поддршка на проекти во изминатите години. Признанието на ЕВН и е доделено за исклучително добрата соработка и поддршка во остварувањето на хуманитарните цели.

 ЕВН Македонија не е само партнер на Црвениот Крст, туку и Црвениот Крст е партнер на ЕВН. Тоа е поради тоа што во суштина ги делиме истите вредности: доверливост, одржливост и сигурен партнер на корисниците. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им упатам апел на сите присутни претставници на компаниите дека најпозитивна конкуренција е натпреварот во хуманоста, изјави г-дин Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Соработката меѓу Црвениот Крст и ЕВН  се реализира преку повеќе проекти кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на различни ранливи групи граѓани кои имаат потреба од посебно внимание и помош. Актуелен е проектот за грижа на старите лица, а за време на новогодишните празници, децата од социјално ранливи семејства низ цела Македонија ќе добијат новогодишни подароци.

ЕВН Македонија беше првата компанија која го доби признанието “Златен поддржувач “ за континуираната поддршка на активностите на Црвениот Крст во социјално загрозените заедници во 2012 година.