Четири полначи за електрични возила на јавна површина денеска беа пуштени во употреба во Скопје. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов рече дека ова претставуваат почеток на едно ново модерно поглавје на градот. Полначите ги постави ЕВН, а во 2018 година полнењето ќе биде бесплатно.
Според податоците од МВР, градоначалникот Шилегов рече дека во 2016 година во Македонија биле регистрирани 80 електрични возила од кои само во Скопје 47, додека пак оваа година имало повеќе регистрирани вакви возила од минатата. Тој информираше дека во Буџетот на Град Скопје за 2018 година планирано е субвенциоинирање од 100 милони денари на ЈСП за набавка зглобни електрични автобуси.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Штефан Петер рече дека електро мобилноста има позитивно влијание на околината. Тој најави дека ќе постават повеќе полначи доколку увидат дека има потреба од тоа.