ЕВН Снабдување потпиша договори за снабдување со над 120 компании кои првпат излегуваат на слободниот пазар. Компаниите кои му ја дадоа довербата „ЕВН Снабдување“ ги имаат најповолните понуди што може да се добијат на почетокот на втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија.
Не само поволна цена, туку корисниците го добиваат и искуството и сигурноста во снабдувањето и од домашниот пазар и од Европскиот, каде што ЕВН веќе одамна е присутна снабдувајќи 3.3 милион корисници во Бугарија, Австрија и Македонија.
Токму пристапот до сите европски берзи и пазари на електрична енергија и дава можност на ЕВН на компаниите да им ja олесни работата околу планирањето на потрошувачката.
„Оние кои потпишаа договор со нас не мора воопшто да се грижат за тоа дали ќе ја потрошат целата побарана енергија или не, нашето искуство и екпертиза околу планирањето им стои на располагање. Балансирањето на потрошувачката ќе биде наша грижа,“ вели менаџерот на ЕВН Снабдување, Нико Беберу.
ЕВН Снабдување ја оформи и втората балансна група. Едната најголема во земјава е на регулираниот пазар на електрична енергија каде што ги снабдува тарифните потрошувачи вклучувајќи ги и 700 000 домаќинставта и малите бизниси, и втората балансна група за либерализираниот пазар каде што се вклучени ЕВН Снабдување со 70 отсто или две третини од компаниите кои што од 1 април за прв пат излегуваат на отворениот пазар и ЕВН Трејдинг за Југоисточна Европа.