Евра, долари, пиштол и документи украл арамија од продавница за електроника во скопски Чаир.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи тешка кражба се случила ноќта помеѓу петок и сабота во продавницата за електроника „Ефро Електроник“ на улицата Втора Македонска Бригада во скопски Чаир. Арамија провалил во дуќанот сопственост на 45-годишниот А.А.
Откако насилно делувал на бравата на влезната врата, арамијата влегол во дуќанот од каде насилно ги отворил фиоките и одземал околу 2.300 евра во различни валути, пиштол и документи, по што избегал во непознат правец.
Скопската полиција работи на расчистување на случајот.