Евробаскет 2017: Србија очекувано ја совлада Унгарија

Кошаркарите на Србија очекувано се пласираа во четвртфиналето од европското првенство во Истанбул откако во осминафиналната средба ја совладаа Унгарија со 86:78 (24:16, 24:25, 21:12, 17:25).

Србија го отвори натпреварот со серија 16:3 и ја одржуваше предноста до самиот крај. Унгарците во неколку наврати успеваа да се доближат на пет до седум поени разлика, последниот пат при 84:77 на малку повеќе од 90 секунди до крајот на мечот, меѓутоа ниту еднаш сериозно не се заканија со пресврт.

Богдан Богдановиќ и Огњен Кузмиќ со по 17 поени беа предводници кај Србија, додека во унгарската селекција најдобри беа Золтан Перл со 22 и Чаба Ференц со 15 коешеви.

Србија во четвртфиналето ќе игра против Италија којашто во саботата ја елиминираше Финска со 70:57.

Претходно во неделата во четвртфиналето се пласираше и Латвија која ја победи Црна Гора со високите 100:68 (27:15, 26:22, 29:15, 18:16). Латвија во четвртфиналето во вторникот ќе игра против Словенија.

Од 17,45 започна мечот меѓу Шпанија и Турција, додека во 20,30 часот Русија ќе се соочи со Хрватска. Победникот од дуелот Шпанија – Турција ќе игра против Германија, додека од двобојот Хрватска – Русија против Грција.
.