Како гром од ведро небо стигна веста од Берлин на еден саат пред почетокот на натпреварот Србија – Италија во рамките од петтото коло во „групата на смртта“ кој одлучува за првото место.
Натпреварите се играат во „Мерцедес арената“ која морала да биде целосно евакуирана! Причината е активирање на противпожарниот систем, а организаторите морале да ја почитуваат процедурата за вакви проблеми и морале покрај играчите да ги евакуираат и сите присутни во салата која почнала да се полни со навивачи од двата табора.
Сепак се работи за техничка грешка и дека не е дојдено до пожар во скапоцената сала. Засега нема најави за одложување на почетокот на мечот кој е закажан за 14.30 часот.