Евробаскет: Германија ја доби фаворизираната Франција

Домаќинот на годинешното европско првенство за кошаркари Германија во својот прв настапа во Келн го совлада фаворизираниот актуелен олимписки вицепрвак Франција со 76:63 (17:13, 21:18, 19:12, 19:20).

Во вечерта кога Германците го повлекоа дресот со бројот 14 во чест на НБА ѕвездата Дирк Новицки, со одлична игра во одбраната херој стана Јоханес Тиеман со 14 коша и 6 скокови, а по 13 поени впишаа Маодо Ло и Ниелс Гифи, додеа единствениот расположен во Франција беше Гуершон Јабуселе со 18 поени.

Претходно во оваа група Б, Словенија одбранат на европската титула ја започна со тешката но заслужена победа над Литванија 92:85. Во Оваа ткн „група на смртта“ БиХ со 95:85 ја победи Унгарија.

Во последниот дуел од Групата А во Тбилиси, селекцијата на Белгија по продолженија ја совлада домашната Грузија со 79:76 со „тројката“ на Џонатан Табу на три секунди пред звукот на сирената. Табу и Жан-Марк Мвема постигнаа по 14 поени за Белгија, додека Алексадар Мамукелашвили впиша 18 поени за Грузија.

Претходно во истата група Шпанија беше подобра од Бугарија со 114:87, а Турција со 72:68 ја победи Црна Гора.