Кошаркарите на Грузија ја шокира и совлада фаворизираната Литванија со 79:77 во мечот од 1-то во Групата Б од Евробасектот одигран во четвртокот во Тел Авив, а Финска сензационално со 86:84 ја совлада Франција,одека во другите дуели во групите А и Б очекувани победи остварија Словенија, Германија, Грција и Франција.
Во последниот натпревар од првиот ден на континенталниот шампионат во „Хелсинки Арена“ пред повеќе од 12.000 главно домашни навивачи, финските кошаркари до големата победа дојдоа во продолжението.
Финците во последните во последните две ипол минути од регуларниот тек од мечот успеаја да надоместат осум кошеви разлика (62:70). Французите на 72:72 имаа 15 секунди за последниот напад, но не го изведоа добро па шутот на Нандо де Коло заврши само во обрачот.
Во продолжението Финците поведоа со 84:79 само минута и 15 секунди до крајот. Франција, сепак, успеа да изедначи со „тројката“ на Фурние на 26 секунди до крајот, но Вилсон на пет секунди до сирената успеа да влезе во гостинскиот рекет и да положи за конечните 86:84. Последниот шут на Де Коло за тројка на истекот на времето овојпат не стаса ниту до кошот.
Младиот Лаури Марканен ги предводеше домашните стрелци со 22 кошеви и седум скокови. По 14 поени додадоа Салин и Коти, а 12 Вилсон кој имаше и шест асистенции. Фурние со 25 поени и Де Коло со 21 поени беа најдобри кај Французите.
Грузија во неизвесната завршница, во прв ред благодарејќи на разиграниот плеј Мајкл Диксон кој постигна пет од последните седум поени за неговата селекција, со пресврт дојде до победата. Литванија имаше напад за победа, но Мичиулиус го промаши шутот за три поени со звукот на сирената.
Најдобриот играч на натпреварот беше Торнике Шенгелија со 29 поени, Санадазае додаде 13, а Диксо 12 поени со седум асистенции за победниците. Кај Литванија единствени со двоцифрен ефект беа Кузминискас со 8 и Калнеитис со 15 кошеви.
Предводени од НБА играчот Горан Драгич и суперталентираниот Лука Дончич, кошаркарите на Словенија попладнето во Хелсинки славеа над Полска со 90:81 на отворањето на Европското првенство. Капитенот Драгич натпреварот го заврши со 30 поени, додека Дончич постигна 11 поени надополнети со осум скока и шест асистенции.
Словенците го контролираа резултатот од самиот почеток, а на истекот на третиот период водеа со 16 поени разлика (74:58) доволно за рутинирана завршна последна четвртина.
Грците ја постигнаа најубедливата победа на стартот на Евробаскетот, совладувајќи го Исланд со 90:61.