Кошаркарската селекција на Словенија со победа од 92:85 во дуелот од Групата Б на Европското првенство во Келн, ја започнаа одбраната на титулата освоена пред пет години.
Предводени од моментално најдобриот европски кошаркар Лука Дончич, Словенците поголемиот дел од мечот го минаа во тесно водство, којашто на неколкупати во првото полувреме дојде до највисоките седум поени, но литванските играчи во завршниците од четвртините наоѓаа начини да израмнат или да му се приближат на противникот.
На почетокот од последната четвртина Литванија ја искористи лошата серија на Словенците во нападот и во 34 минута дојде до пет поени предност 78:73. Но, благодарејќи на НБА ѕвездите Лука Дончич и Горан Драгич и натурализираниот Американец Мајк Тобеј, Словенија во следните пет минути постигна 15 поени а прими само три, во што им помогнаа и самите Литванци кои направија неколку грешки во нападот.
Тобеј со 24 коша и осум скокови беше најдобар кај Словенија, Драгич постигна 19 коша, а Дончич и покрај лошиот шутерски ден – четири од 11 обид од поле и една од осумте обиди за „тројка“, дојде 14 поени, 10 асистенции и шест скокови.
Кај Литванија најдобри беа Мингауггас Кисминскас со 19 кошеви и Мариус Григонис со 18 коша.
Во првиот натпревар од оваа група Босна и Херцеговина со 95:85 беше подобра од Унгарија, а од 20,30 часот играат Германија и Франција.