
Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји во неделата вечерта објави дека е во самоизолација откако дозна дека еден член однеговиот тим е позитивен на коронавирусот.
Вархеји на Twitter објави дека тој и членовите на неговиот тим чекаат резултати од тестирњето и оти во согласност со препораките за јавно здравје се во самоизолација.
„Добро се чувствувам, немам симптоми, се тестирав и претходните недели и моите тестови беа негативни. Останете безбедни“, напиша Вархеји.
Еврокомесарот Вархеји минатата седмица беше во официјални посети на Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора каде го претставуваше извештајот на Европска комисија за западен Балкан.