Комесарот за добрососедство и проширување на Европската унија, Оливер Вархељи, во четвртокот повторно допатува во Софија на средби со бугарскиот државен врв во обид да добие уверување од бугарска страна дека нема да го блокираат почетокот на преговорите за членството на Македонија во ЕУ предвиден идниот месец.
„По три седмици се вратив во Софија за да пронајдам заеднички јазик и поддршка во Бугарија за почеток на преговарачкиот процес со Северна Македонија во јуни. Прв состанок со бугарскиот премиер Кирил Петков“, напиша еврокомесарот за добрососедство и проширување на ЕУ Оливер Вархељи за средбата со бугарскиот премиер Петков.
After three weeks, I am back in Sofia to find common ground and support in #Bulgaria to start the negotiation process with #NorthMacedonia in June. First meeting with Prime Minister @KirilPetkov . pic.twitter.com/FkIKE0yeS4
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) May 19, 2022
Appreciate the open dialogue w/ @PresidentOfBg Radev. For 🇪🇺 the importance of having a stable & prosperous neighbouring #WesternBalkans can’t be overestimated. In this context, having 1st IGC w/ 🇲🇰& 🇦🇱 would be a major contribution. We need to work for it together. pic.twitter.com/DLtUQoH6O4
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) May 19, 2022
Бугарскиот премиер, Кирил Петков ствари работна средба со еврокомесарот за доброоседска политика и проширување Оливер Вархеји, кусо соопшти прес-службата на бугарската Влада. Во зградата на бугарската Влада Петков и Верхеји разговараат за актуелните прашања од европската агенда, а меѓу темите се и европската политика во регионот на југоисточна Европа и војната во Украина. Во разговорот Петков посочи дека Бугарија ќе продолжи да игра активна улога во стабилноста и просперитетот во југоисточна Европа.
„Премиерот Кирил Петков оствари работна средба со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархељи. Во Советот на министри, двајцата разговараа за актуелни прашања од европската агенда. Меѓу темите на средбата беа и европската политика во регионот на Југоисточна Европа и војната во Украина. Премиерот Кирил Петков за време на разговорите посочи дека Бугарија ќе продолжи да игра активна улога во стабилноста и просперитетот во Југоисточна Европа“, го објавија бугарските медиуми соопштението од Кабинетот на Петков.
Иако Вархељи во својата објава на Твитер го тагна бугарскиот премиер, сепак Петков овојпат не објави заеднички фотографии ниту порака за средбата со него туку се пофали само со средбата со Грета Фенер од Базелинститутот со кој бугарската влада потпиша Меморандум за антикорупција.
Вархељи во Софија се сретна и со претседателот Румен Радев, како и со министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.
Минатата седмица бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека се зголемува притисокот од земјите-членки на ЕУ, Бугарија да го укине на ветото на преговарачката рамка за членство на Македонија во ЕУ. Во средата и Европската комисија повика преговорите со Северна Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство, на 30-ти јуни, откако францускиот претседател Макрон во телефонските разговори со премиерот Димитар Ковачевски, со бугарскиот премиер Кирил Петков и со бугарскиот претседател Румен Радев посочил дека Северна Македонија и Албанија треба брзо да се поттикнат да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив.